24.02.2023 Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за зголемување на цените поради зголемените сметки за струја.
Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, истакна дека имаат донесено нови цени по барање на скопски Водовод, бидејќи „тие побараа минималното зголемување да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари“. Тој додаде дека имаат одобрено минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари.
Во просек домаќинставата трошат 10 кубици вода. Тоа значи дека ако се прифати минималната нова цена поскапувањето ќе биде 7 денари.
„Водовод и канализација“ врз основa на одлуката на Регулаторната комисија треба да достави нова цена за водата до Советот на Град Скопје и таа одлука да биде изгласана од мнозинството советници. По што Град Скопје ќе одлучи колку ќе поскапи водата.
Подготвено од А.Ѓ.