11.02.2023 Скопје
Бомба од Втората светска војна експлодираше во Велика Британија додека воени експерти работеле на деактивирање. Експлозијата на бомбата предизвика густ облак од чад и детонација која се слушнала неколку километри.
Според британските медиуми, за среќа немало повредени ниту загинати во несреќата.
Поради бомбата, полицијата наредила да се затворат сите пристапи до локацијата, а луѓето кои живееле во близина биле принудени да се евакуираат.
Подготвено од А.Ѓ.