https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3297146363869050&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

22.02.2023 Скопје

Наставата во украинските училишта ќе биде онлајн од денеска до 24 февруари поради ризикот од руски ракетни напади во врска со приближувањето на првата годишнина од инвазијата на руските сили во Украина.

Во врска со годишнината од инвазијата, украинското Министерство за образование препорача училиштата да ги преземат неопходните мерки за заштита на животот и здравјето на сите учесници во образовниот процес.

Во Украина стотици училишта беа уништени за време на воените акции, а многу други училишта беа принудени да го водат процесот на учење хибридно поради проблеми како што се честите прекини на електричната енергија поради штетата предизвикана на енергетската инфраструктура на Украина од руските воздушни напади.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *