18.02.2023 Скопје
Во организација на Институтот „Либерална алтернатива“ и „Economic Fundamentals Initiative“ од САД, денеска на 18.02 во Тетово ќе се одржи конференцијата #EconLit2023.
На конференцијата ќе присуствува и министерот за економија, Крешник Бектеши, а главна тема ќе биде економската писменост и образование, на која ќе дискутираат експерти од овој сектор.
На конференцијата се предвидени три сесии на различни теми. Во фокусот на првата сесија ќе биде моменталната состојба на економската писменост во Република Северна Македонија и ќе се идентификуваат сите предизвици или иницијативи за нејзино подобрување.
Втората сесија ќе се осврне на квалитетот и ефективноста на економското и финансиското образование во средното и високото образование, вклучувајќи ги и најдобрите практики за предавање на овие концепти, додека тема на третата сесија ќе биде прашањето „како економското и финансиското образование може да се искористи за поттикнување на претприемништвото и иновациите“?
Како што најавуваат организаторите, целта на оваа конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.