13.02.2023 Скопје
Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен, во режија на Кристина Димитрова, информираат од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Од таму додаваат дека ова е самостоен проект на театарот „Војдан Чернодрински“, а премиерата ќе очекува набрзо.
Драматизацијата на популарниот текст е на Ивана Нелковска.
Димитрова вели дека како театарски режисер често размислувала кои книги, претстави, серии и филмови и се допаѓале како дете и дека тоа е размислување довело до тоа „Пипи долгиот чорап“ да и биде најголемата инспирација.
„Ми се допаѓаше се што беше необично и неконвенционално. Ми се допаѓаа волшебните светови, патувањата во далечните земји и апсурдниот хумор. И бидејќи ми се допаднаа сите овие работи, мојата најголема инспирација е „Пипи долгиот чорап“. Затоа решив да ја поставам на мојата матична сцена, театарот „Војдан Чернодрински“. Всушност претставата ќе говори за слободата, авантурата, незавиноста и големата детска фантазија“, вели режисерката Димитрова.
Во претставата ќе играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Михајло Миленкоски. Сценографијата ја работи Бојана А. Трпческа во соработка со Петко Ристески, костимите Христијан Нашуловски, а за музиката е задолжен Томе Темелкоски.
„Пипи долгиот чорап“ e светскa детска класика, преведена на околу осумдесет јазици и дијалекти, а авторката Астрид Линдгрен се смета за една од најпознатите писателки на детски книги ширум светот.
Подготвено од А.Ѓ.