21.02.2023 Скопје
Околу 1.400 килограми различни видови дрога и околу 270 парчиња оружје запленети во текот на минатата година вчера вечер се уништени во кругот на фабриката „Макстил“.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека уништувањето на дрогата и оружјето, е резултат на големиот број константни оперативни акции и активности што МВР ги спроведува во изминативе неколку години со цел да се спречи нелегалната трговија со дрога и прекурсори за што зборува и фактот дека минатата 2022 година е завршена со запленети рекордни над 2,4 тони дрога и 20 тони прекурсори.
Министерот Спасовски посочи дека се бележи пораст од 18 проценти во борбата против недозволената трговија со оружје и дека се откриени 127 парчиња оружје и 5.103 парчиња муниција.
„Бројките ги потврдуваат сериозните успеси во борбата со недозволената трговија со дрога која ова раководство на МВР уште во почетокот ја постави како еден од своите приоритети во која нема место за никакви компромиси“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Подготвено од М.Н.