https://www.flickr.com/photos/eesti/72013153/in/photolist-7n616-QwoDeN-7n5on-TDEVyt-7n5oq-2nkWm5L-SyAog7-dVjoFA-TFgVpp-Tg3cWo-dVg15i-dVgevp-dVkABh-dVkzuj-SBmQFa-dVmFah-dVm7co-TDNdFF-SyBRaf-dVkUqj-dVfkjM-dVeaHr-NNATq6-TMHsby-dVmw8h-dVfpac-dVedfX-dVepnB-dVdEFn-TDPTdP-dVfScK-dVfqFp-dVkzPN-dVkd7o-dVjuVC-dVmSJ3-dVmwt7-dVeEWM-Tg1PLo-dVjZ53-dVesHc-dVf8SV-dVkjxd-dVfRN2-dVkYfJ-SyFcoL-dVkSv5-TRggR2-dVkkhy-cwgRtE

10.02.2023 Скопје

Утрово околу осум часот по локално време на мејлот на Јавното обвинителство на Бугарија е испратена порака во која се тврди дека има бомба во обвинителството.

Дојавата за бомба ги затвори сите згради во главниот град на Бугарија во кои се наоѓа обвинителството, јавуваат тамошните медиуми.

Во моментот полицијата врши засилени проверки, а се проверува и зградата на Окружниот суд во Софија каде што се наоѓа Окружното обвинителство на Софија, како и други простории на државното обвинителство.

Бугарската полиција вчера вршеше проверки и на Софискиот аеродром откако доби дојава за поставена бомба, но се испостави дека и таа дојава била лажна.

Подготвено од М.Н.

About Author