https://www.facebook.com/photo?fbid=749513936523629&set=a.360679848740375

16.02.2023 Скопје

Автобусите кои ќе бидат управувани со 5Г технологијата, патниците ќе можат да ги користат меѓу Бирмингем, меѓународната железничка станица и Бирмингем Бизнис парк преку НЕЦ Бирмингем и тоа како дел од постојана комерцијална рута.

Оваа рута е избрана како дел од поширок проект кој ќе го надгледува регионален конзорциум предводен од „Conigital“.

Овој проект за автоматизирана мобилност, поврзана со повеќе области, исто така ќе воведе рута и помеѓу железничката станица во Ковентри и кампусот на Универзитетот Ковентри.

Оваа нова технологија на автобуси без возачи ја објави политичарот Енди Стрит, кој беше градоначалник на Вест Мидлендс во 2017 година, а зад себе има богата политичка кариера.

На 22 октомври минатата година Енди стана стручен советник за Активно патување во Англија, а сега е воодушевен со новата иновација која граѓаните на Англија ќе можат да ја користат од наредниот месец.

Подготвено од М.Н.

About Author