02.02.2023 Скопје
Владата на Албанија донесе одлука со која, граѓаните од земјите на западен Балкан за влез во земјата нема да им биде потребна патна исправа, туку тоа може да го направат со валидни лични карти.
Како што изјави министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи одлуката влегува во сила веднаш бидејќи целта е создавање олеснителни можности за движење во регионот на Западен Балкан.
„Станува збор за договор кој беше потпишан во Берлин во ноември минатата година и сега тоа го одобрува албанската влада, што значи дека со стапување во сила на оваа одлука сите граѓани од Западен Балкан можат слободно да дојдат и да се движат во Албанија само со лична карта“, истакна Чучи.
„Ова е во духот на две многу важни иницијативи за зајакнување на регионот и Западен Балкан, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“, еден од трите столба, како што рековме, слободното движење на луѓе, капитал и стоки“, додаде министерот за внатрешни работи на Албанија.
Подготвено од М.Н.