https://www.flickr.com/photos/brusse/22833100099/in/photolist-AMFBaD-AoEoxE-2ibVnAH-2irBPTY-2iF7auB-2iDQMJt-2irjv59-2iEVC27-2iNvozS-2iNsDm8-2iNvowa-2iNaSoN-2iNvowA-2iMQTSj-AU4tHq-2irBc6Q-2irBcac-2iF7asY-2iDN2oL-2iKyKFr-2iKyKDC-2iFNc9K-2ieWtwe-2iNsDox-2iMuA5L-2iNsDq1-2iLzsin-2iLQvYy-2iGmyCt-2iLdP7z-2iFJ1dW-2iG2S3G-2iN86as-2iKAomQ-2irxpbL-2iKTZYZ-2iE8KhY-2iFnEQf-2iDQMBu-2iNaSnF-2iNvoye-2iNsDpV-2iN869W-2iN86aN-2iMQTGz-2iMVm7z-2iNcxUW-2iNcxSg-2iDaDWu-2iCN13R

18.02.2023 Скопје

Откажувањето на еврообврзницата од страна на владата на Ковачевски не само што го нарушува угледот на Република Северна Македонија пред финансиските институции, туку ќе има и можни финансиски импликации.

Министерството за финансии предводено од Бесими и владата предводена од Ковачевски знаеле дека еврообврзницата ќе пропадне уште на 14 февруари, односно ден пред за тоа да дознае и целата јавност во државата, а сепак одржале аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25%.

Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари.

Ова покажува дека Република Северна Македонија е задолжена многу скапо, односно ако во минатото каматната стапка од 5% се даваше за рок на доспевање од 15 години, сега за 2 годишни државни обврзници се плаќаат каматни стапки од 5,25%, поради што државата е со нарушен углед пред меѓународните институции, а дополнително и со поголем долг.

Подготвено од М.Н.

About Author