https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/35135629475/in/photolist-VwPhx6-ULb69w-ahXZLE-5niokt-5nnDsE-2kYp3RJ-2kYitbD-2kYit9e-pGSEt7-2n8aX3z-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYeXFJ-6eZPNx-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bSbh5r-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1pF1e-2m1kENf-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1r8Va-2m1r8Wn-2m1kEYa-5nnE2N-8J2gfF-2m1h2E9-2m1r8Ym-2m1r93j-2m1h2Go-bSPrnT-9pybyB-bSPrkD-bSPre8-9pBduQ-8CGnTh-8ByCKA-fkJCXG-bSDj8F

24.02.2023 Скопје

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека владејачката коалиција во Босна и Херцеговина може да се распадне поради несогласувањата во земјата за односот кон војната во Украина.

Додик изјави дека е незадоволен од приклучувањето на БиХ кон резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за осуда на руската агресија врз Украина, и тврди дека гласањето на амбасадорот на ОН Свен Алкалај за поддршка на тој документ е незаконски.

Амбасадорот Алкалај доби инструкција да гласа за резолуцијата во ОН предложена од Украина, во пресрет на годишнината од руската агресија од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Додик луто и незадоволно изјави дека таа инструкција е против актуелните закони бидејќи за тоа гласање не била добиена согласност од Претседателството на Босна и Херцеговина.

„Ние не ги прекинавме односите со Русија и нема да ги прекинеме, а не не интересира што мисли американскиот амбасадор“, изјави Додик, за кого пристапувањето кон резолуцијата на ОН е само „продолжение на старата практика“ која, доколку продолжи по овој пат, ќе доведе до колапс на владата воспоставена по изборите во октомври 2022 година.

Подготвено од М.Н.

About Author