28.02.2023 Скопје
Визер соопшти дека ќе ги прекине сите летови до главниот град на Молдавија, Кишињев, од 14 март поради загриженост за безбедноста на нејзиниот воздушен простор.
Руски проектил беше истрелан над воздушниот простор на Молдавија претходно овој месец.
Управата за цивилна авијација на Молдавија ја нарече одлуката на авиокомпанијата ненадејна и за жалење.
Молдавија е една од најсиромашните европски економии и е силно изложена на војната во Украина.
Авиокомпанијата соопшти: „Безбедноста на патниците и екипажот останува приоритет број еден на Визер и по неодамнешните случувања во Молдавија и зголемениот, но не и неизбежен ризик во воздушниот простор на земјата, Визер донесе тешка, но одговорна одлука да ги суспендира сите летови до Кишињев од 14 март“.
Управата за цивилно воздухопловство на Молдавија соопшти дека авиокомпанијата побарала одобрение за својот летен распоред на летови на 14 февруари, а агенцијата „утврдила дека летовите во националниот воздушен простор може да се вршат безбедно со следење на голем број процедури“.
Властите соопштија дека ќе ги преземат „сите неопходни активности“ за што поскоро враќање на „Визер“ на аеродромот во Кишињев и за привлекување други нискобуџетни авиокомпании.
Wizz Air соопшти дека ќе има повеќе летови од цела Европа до источниот романски град Јаши, во близина на границата со Молдавија, како замена за услугата Кишињев.
Се зголемуваат тензиите меѓу Москва и молдавската влада.
Молдавија, заглавена меѓу Романија и Украина, стана кандидат за членство во ЕУ минатото лето.
Земјата со 2,6 милиони жители се бори со приливот на бегалци од Украина и тензиите со Придњестровје, отцепен промосковски регион каде што се стационирани околу 1.500 руски војници.
Претходно овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека киевската разузнавачка служба открила руски план за уништување на Молдавија.
И молдавската претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека планира да го собори раководството на Молдавија со помош на странски саботери од Русија, Србија, Белорусија и Црна Гора.
Таа рече дека нивната цел ќе биде да ги нападнат владините згради, да заробат заложници и потоа да предизвикаат протести за да ја заменат владата со влада „во служба на Русија“.
Подготвено од А.Ѓ.