22.02.2023 Скопје

Во соопштението за печатот на владата на ОК се наведува дека двете земји ќе продолжат да обезбедуваат воена и хуманитарна помош за Украина и ќе ја продлабочат одбранбената соработка за заштита на европската безбедност и ќе работат заедно за да се спротивстават на дезинформациите и малициозните сајбер активности, се наведува во декларацијата.

Заедничката декларација за поблиска воена и економска соработка беше потпишана од министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли и словачкиот министер за надворешни работи Растислав Качер во вторникот во Лондон.

Клеверли истакна дека од првиот ден од илегалната инвазија на Путин, Обединетото Кралство и Словачка се цврсти сојузници „во нашата поддршка на Украина“ и како што „наближуваме една година од почетокот на конфликтот, мораме да ја задржиме нашата колективна решителност и да ја забрзаме воената поддршка за Украина да може да победи во оваа војна.

Бидејќи Обединетото Кралство и Словачка се сојузници на НАТО, двајцата министри се согласија да ја зајакнат одбранбената соработка на земјите за заштита на европската безбедност.

Во заедничката декларација се наведува и дека двете земји ќе работат на зајакнување на нивните економски врски и соработка во борбата против климатските промени и нерегуларната миграција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *