14.02.2023 Скопје
Нов договор за решавање на спорот меѓу Велика Британија и Европската Унија околу трговските правила во Северна Ирска по Брегзит би можел да биде објавен за две недели.
Според новиот план, стоките што патуваат од Велика Британија до Северна Ирска нема да бидат предмет на физичка царинска контрола благодарение на системот на црвени и зелени сообраќајни ленти, соопштуваат тамошните медиуми.
Се очекува во заедничката изјава за постигнатиот договор да биде најавена нова одредба за улогата на Европскиот суд на правдата во Северна Ирска, во која ќе се нагласи дека овој суд ќе се користи само како последно средство во споровите меѓу Велика Британија и ЕУ.
Протоколот за Северна Ирска, кој треба да го заштити единствениот пазар на ЕУ без создавање копнена граница на ирскиот остров, ја попречува трговијата меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство откако стапи во сила во 2021 година.
Подготвено од М.Н.