https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3296436110606742&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

21.02.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави соопштија дека воспоставиле контакт со Русија непосредно пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина.

Прес-службата на Белата куќа не соопшти повеќе детали, но наведе дека основната комуникација со руската страна била да се исклучат конфликтни ситуации непосредно пред посетата на Бајден, со цел да се избегнат грешките кои би довеле до директен конфликт меѓу двете нуклеарни сили.

Последователно беше откриено дека Бајден, кој официјално требаше да одржи говор во Полска во пресрет на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, пристигнал во Киев со воз.

Цело време бил придружуван со силни безбедносни мерки, а најмалку два набљудувачки авиони Боинг Е-3Б на американските воздухопловни сили кружеле во близина на полско-украинската граница.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *