15.02.2023 Скопје
Eвропскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата.
Андреј Ковачев побара од Вархеи да потврди дека Европската комисија ја следи не само промената на македонскиот устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протокола, пред да започнат суштинските преговори со Република Северна Македонија за пристапување.
„Во случајот со Република Северна Македонија поставивме многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција“, истакна еврокомесарот Вархеји.
Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, како и на Договорот од Преспа, а исто така најави и дека извештајот за напредокот на државата се очекува да биде објавен наесен.
Подготвено од М.Н.