13.02.2023 Скопје
Челниците на регионалната СЕХА-лига ги одредија термините за натпреварите на Вардар и Еурофарм Пелистер кои се играат во рамки на четвртата рунда.
Вардар 1961 ќе гостува кај Партизан во „Бањица“, а дуелот е закажан на 28 февруари со почеток од 18:00 часот.
Еурофарм Пелистер, пак, ќе биде домаќин на Војводина. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ е закажан на 2 март од 18:00 часот.
Вардар е лидер во групата во СЕХА, додека Еурофарм Пелистер има два порази на две гостински средби.
Подготвено од А.Ѓ.