09.02.2023 Скопје
Уставниот суд на вчерашната одржана седница одби четири од петте иницијативи на дневниот ред за оценување на уставноста и законитоста. За петтата иницијатива беше одлучено предметот да биде разгледуван на некоја од наредните седници, соопштија од судот.
Од уставниот суд одлучиле да не поведат постапка за оценување на уставноста на дел од Законот за јавно обвинителство, а се однесува на поранешните административни работници вработени во поранешното Специјално обвинителство.
Уставниот суд исто така ја отфрли и иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на подносителот Светски македонски конгрес, како и иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од Законот за социјалната заштита.
Уставниот суд одлучи и да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста и на дел од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат.
Подготвено од М.Н.