18.02.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 59 безбедносна конференција во Минхен, оствари низа билатерални средби со светски претставници, меѓу кои британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Српскиот претседател Вучиќ се сретна и со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
По одржаните средби Вучиќ во обраќање за медиумите изјави дека клучна тема во речиси сите разговори биле преговорите со Приштина, и додаде дека смета дека добро ги застапува интересите на Србија.
Претседателот на Србија исто така изјави дека поседуваат нота со која уште една земја го повлекува признавањето на Косово, но посочи дека сеуште не може да каже за која држава се работи бидејќи било договорено за официјалното објавување да се почека десетина дена.
Подготвено од М.Н.