https://www.facebook.com/photo/?fbid=104473542488922&set=pb.100087788292272.-2207520000.

08.02.2023 Скопје

Уругвај, Парагвај и Чиле заедно со актуелниот светски првак Аргентина поднесоа кандидатура за организација на Мундијалот во 2030 година.

Во игра за тоа кој ќе го организира Светското првенство (СП) се и Шпанија и Португалија, а наскоро во трката се очекува да се вклучи и Саудиска Арабија.

Мундијалот во 2026 година ќе биде организиран во САД, Канада и Мексико, а во 2030 година ќе биде стогодишнина од првото Светско првенство кое се организираше во Уругвај, па токму овој голем јубилеј е главниот адут за поднесување на кандидатура на овие четири земји.

Подготвено од М.Н.

About Author