https://www.facebook.com/NATO/photos/pb.100064771413898.-2207520000../5474184779271475/?type=3

11.02.2023 Скопје

Унгарската влада не ја поддржува аспирацијата на Украина за членство во НАТО и потенцијалниот влез на Киев во ЕУ зависи од заштитата на правата на националните малцинства во Украина, изјави за новинарите во четвртокот министерот на Кабинетот на премиерот Гергели Гуљас.

Одговарајќи на прашање во врска со желбата на Украина да се приклучи на НАТО, тој истакна дека секоја земја може да поднесе барање за членство.

„Меѓутоа, токму сега, моменталниот пристап на Украина во НАТО би значел светска војна“, предупреди Гуљас.

Зборувајќи за изгледите за членство на Украина во ЕУ, тој подвлече дека Киев мора да обезбеди напредок во заштитата на правата на националните малцинства – особено на Унгарците на Украина во Транскарпатскиот регион – доколку сака Будимпешта да ја одобри нејзината апликација за членство. Досега, законодавството за образование и националниот јазик, усвоено во Украина, „не е во согласност со европските норми“. „Треба да се постигне напредок“ по овие прашања, нагласи унгарскиот функционер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author