Image by Drazen Zigic on Freepik

07.02.2023 Скопје

Во соопштението на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) се наведува дека речиси секое трето училиште во светот нема пристап до чиста вода за пиење и основни санитарни услови.

Директорката на УНЕСКО, Одри Азулеј, изјави дека учениците подобро учат во безбедни и здрави училишта. Сепак, таа истакна дека многу училишта сè уште ги немаат потребните капацитети за здравјето на учениците и затоа УНЕСКО апелира до меѓународната заедница да ги поддржи земјите кои не можат да обезбедат такви услови.

Според податоците, речиси 584 милиони деца во моментов имаат само ограничен или никаков пристап до чиста вода за пиење и санитарни услови. Околу 40 отсто од нив живеат во субсахарска Африка.

УНЕСКО наведува дека мерките за здравјето и исхраната на учениците доведуваат до тоа децата почесто да доаѓаат на училиште и да престојуваат таму. Само редовните оброци во училиштата веќе ја зголемија стапката на упис во училиштата за 9 проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *