https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3277257405857946&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

08.02.2023 Скопје

Холандската влада ги потврди информациите дека Холандија, Данска и Германија купуваат 100 борбени тенкови леопард-1А5 за Украина.

Холандското министерство за одбрана соопшти дека тенковите ќе бидат купени „директно од германската индустрија“, а министерката за одбрана на Холандија Касја Олонген изјави дека тенковите се нешто постар модел, но ќе бидат корисни за борбите во Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, минатата недела изјави дека земјата ќе добие 120 до 140 западни тенкови во „првиот бран“ испораки од коалицијата од 12 земји.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *