17.02.2023 Скопје
Политичкиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Москва доколку Русија не се повлече од Украина, повторувајќи го претходниот став на Киев пред почетокот на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, на која главна тема ќе биде војната.
„Преговорите може да започнат само кога Русија ќе ги повлече своите трупи од територијата на Украина. Другите опции и даваат само време на Русија да се прегрупира и да продолжи со непријателствата во секое време“, додаде Подољак.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американската потпретседателка Камала Харис се меѓу многуте високи функционери кои ќе присуствуваат на безбедносната конференција во Минхен.
Подготвено од М.Н.