14.02.2023 Скопје
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи.
„Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати. Со денешната ратификација на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци“, соопшти Маричиќ.
Според Маричиќ, ова значи унапредување на регионалниот пазар и заеднички чекор напред кон единствениот внатрешен пазар на Европската унија.
Подготвено од М.Н.