17.02.2023 Скопје
Припадници на МВР во соработка со Агенција за безбедност и информирање и надлежните обвинителства во Белград и Нови Сад поради постоење основи на сомнение ги уапсија Д.К.(1988), Д.З.(1971) и Д.Б.(1987) дека сториле кривично дело повикување на насилна промена на уставната регулатива, а Д.Б се товари и за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Тројцата уапсени се обвинети дека ги повикувале граѓаните да се соберат масовно во Белград и насилно да ги урнат Владата и претседателот на Република Србија.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежните обвинителства.
Подготвено од М.Н.