https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Elon_Musk_%283018710552%29.jpg

27.02.2023 Скопје

Од сигурни извори во медиумите се изнесува информацијата дека Тwitter повторно отпуштил најмалку 200 свои вработени. Отпуштањата, наводно, влијаеле на менаџерите на производи, научниците и инженерите кои работат на проекти за машинско учење и доверливоста на платформата за социјалните медиуми.

Ова е околу 10 отсто од преостанатата работна сила на компанијата која, по купувањето од страна на Илон Маск во октомври минатата година, се впушти во план за драстично намалување на трошоците, отпуштајќи повеќе од 5.000 вработени.

Минатата недела Twitter го деактивираше и Slack, внатрешната услуга за пораки што ја користат вработените во компанијата за да комуницираат меѓу себе.

Подготвено од М.Н.

About Author