https://www.facebook.com/aljazeera/photos/pcb.10161429573568690/10161429573348690/

07.02.2023 Скопје

Тринаесет земји од Европската унија веќе се мобилизираа да и помогнат на Турција со тимови за итни случаи како одговор на силниот земјотрес во понеделникот, потврди Европската комисија, по земјотресот во кој загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Турција и Сирија.

ЕУ веќе мобилизираше тимови за спасување и потрага по преживеани преку Механизмот за цивилна заштита, инструмент за координација на европската помош за земја-членка или трета земја.

Портпаролот за управување со кризи, Балаш Ујвари на прес-конференција изјави дека помошта од Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Холандија, Полска и Романија е веќе потврдена и на пат, додека Италија, Унгарија, Шпанија, Малта и Словачка ги дадоа своите соодветни понуди до турските власти.

Како дел од поддршката за Анкара, ЕУ го активираше сателитскиот систем Коперник за да обезбеди услуги за мапирање во итни случаи, а ЕУ исто така е подготвена да ги поддржи погодените во Сирија, бидејќи Механизмот за цивилна заштита се активира по конкретни барања од националните власти на земјата.

Претходно во понеделникот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изрази сочувство за „разорниот земјотрес“ со јачина од 7,4 степени, порака на која се приклучи и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

На истиот начин, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја изрази својата „тотална солидарност“ со Турција, како сојузник на организацијата, и посочи дека членките на НАТО веќе се во контакт за да пружат помош.

Европските лидери покажаа солидарност со Турција и Сирија, уверувајќи дека ќе испратат итна помош и ќе учествуваат во спасувачките напори. Ова е случајот со германскиот канцелар Олаф Шолц, со претседателот на Франција Емануел Макрон или со премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак, кои изјавија дека Лондон „е подготвен да помогне на секој можен начин“.

Говорејќи за печатот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека најмалку 912 луѓе загинале, а 5.385 на турска територија по земјотресот, кој тој го опиша како „најголемата катастрофа од земјотресот во 1939 година“.

Според податоците објавени од сириското Министерство за здравство на својата веб-страница, земјотресот остави 371 загинат и 1.089 повредени во областите под контрола на сириската влада. На овие бројки мора да се додадат околу 220 мртви и околу 420 ранети во областите под контрола на бунтовниците во провинциите Идлиб и Алепо, на северозапад од арапската земја, како што е наведено од сириската цивилна одбрана, позната како „бели шлемови“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *