18.02.2023 Скопје
Екипата на Феникс вчера вечер направи историски резултат со пласманот во финалето на Купот на Македонија кој го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“
Тимот кој последните неколку години бележи прогрес го победи Пелистер со 86:79. Младиот тим на Феникс предводен од искусните Бојан Трајковски со 18 поени и Ивица Димчевски со 13 заслужено се радуваа на триумфот. Андреј Митревски натпреварот го заврши со 16 поени, додека Амар Хот имаше 18 поени, но предвреме го заврши натпреварот поради повреда.
Противник на Феникс во финалето ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.
Финалниот натпревар ќе се игра вечерва од 19:30 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Подготвено од М.Н.