https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3179023185681369&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

20.02.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина продолжува да го брани Бахмут, град во источниот регион Доњецк кој Русите очајно се обидуваат да го освојат со месеци, но не по секоја цена.

Некои аналитичари наведуваат дека важноста на Бахмут е повеќе симболична отколку стратешка, но ако падне Бахмут, може да се отвори патот за Русите да ги освојат другите градови во западниот дел на Доњецк.

Во Бахмут пред војната живееле околу 70.000 луѓе, а украинските власти проценуваат дека по неколкумесечна руска опсада и страшно уништување, во градот останале помалку од 5.000 цивили.

Подготвено од М.Н.

About Author