sunak poseta severna irska

28.02.2023 Скопје

Британскиот премиер Риши Сунак денеска е во официјална посета во Северна Ирска за да собере поддршка за новиот протоколарен договор.

Вчера Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се договорија за „рамката на Виндзор“ за надминување на многу дебатираниот протокол за Северна Ирска.

Тој договор би можел да биде клучен за отскокнување на северноирската извршна власт, откако Демократската унионистичка партија (ДУП) одби да формира извршна власт во знак на протест против протоколот.

ДУП не е одлучен за својата позиција, а лидерот на партијата Џефри Доналдсон им кажа на пратениците дека „обезбеден е значителен напредок во голем број области“, но сепак остануваат „клучните прашања кои загрижуваат“.

Подготвено од М.Н.

About Author