01.02.2023 Скопје
Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Република Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел се и осудени.
Во жалбата се опфатени случаите предметот за масовното прислушување и унишувањето на опремата „Таргет-тврдина“, предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање на превоз на ученици во Битола „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“ наречен „ТНТ“.
Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година, а во која се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.
Доколку Стразбур одлучи дека оваа теза е точна, осудените ќе треба да бидат ослободени. Во спротивно, ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани, тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.
Подготвено од М.Н.