28.02.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден силно невреме ја зафати Струмица и предизвика поплави во пониските делови во градот. „Струмица денес“ на својот профил на Фејсбук објави фотографии на кои се гледаат улици целосно под вода.
Во објавата на Фејсбук на „Струмица денес“ стои дека делот на улица Младинска повторно е жртва на лошата атмосферска канализација, несоодветната инфраструктура, но и слабото одржување на канализацијата. Воедно, се истакнува дека времето потсетува дека „главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“.
Подготвено од А.Ѓ.