https://www.facebook.com/photo.php?fbid=320148190154226&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

16.02.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека утре ќе патува во Турција за да ја потврди поддршката на западниот воен пакт по разорниот земјотрес и да се заземе за ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО.

Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел истакна дека ќе разговара и за членството на Шведска и Финска во НАТО, и дека ќе побара од Ердоган истовремено да ги ратификува двата пристапни протоколи.

Турскиот претседател Ердоган на почетокот на февруари истакна дека, турскиот парламент би можел да го ратификува пристапувањето на Финска во НАТО без Шведска. Триесет земји ги потпишаа пристапните протоколи, а 28 ги ратификуваа. Само Турција и Унгарија се уште не ги ратификувале договорите.

Столтенберг додаде дека, главното прашање на средбата со Ердоган нема да биде, дали пристапувањето на Шведска и Финска ќе се ратификува заедно, туку ќе се заложи да го убеди Ердоган тоа да биде што е можно побрзо.

Подготвено од М.Н.

About Author