https://www.flickr.com/photos/statephotos/51904009283/in/photolist-2n5zBDM-2mceoCi-2n42rTX-2kRh1Jz-2n1CN1W-2n1CN39-2n5zBJr-2mcaGuq-2n5zb8V-2mP9GJQ-2nB9k9J-2n5dQY9-2mP5y8f-2nB8dFz-2mGnmh5-2n1J79W-2nB9m51-2n5ue6Q-2mEb2wC-2m9ZrNm-2kU1Hh4-2kTZAFZ-2mP5y3v-2mAMHoN-2mAMHup-2kJe4SM-2kCECRE-2kCAvB8-2mEjDPp-2m3q6qJ-2nF8hSG-2kQksp2-2nF6X4z-2kGJvCA-2nF6X1Z-2kAQUJJ-2kEn9dv-2kAaPYW-2mEjDXk-2kGc7um-2kyywbC-2m9RXfS-2kQkVq2-2mcaGD3-2kUpGUU-2mcaGB9-2kRhqEZ-2miSS7D-2n9uF11-2kK5kY2

28.02.2023 Скопје

Кина може да негира, но „очигледно застана на страната“ на Русија во конфликтот во Украина, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Пекинг „му кажа на светот дека во суштина не зазема страна и се обиде да се прикаже како чесен посредник. Меѓутоа, со збор и со дело, таа беше се освен чесен посредник“, истакна Прајс.

„Кина веќе и дала на Русија важни форми на помош, вклучително и во контекст на нејзината агресија против Украина“, додаде портпаролот.

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, истакна дека е „убеден“ во веродостојноста на информациите со кои располагаат американските разузнавачи, според кои Кина размислува да испрати „смртоносна помош“ за Русија во опсегот на конфликтот во Украина.

„Засега забележуваме дека се уште не е донесена конечна одлука од Пекинг, ниту пак имаме докази за вистинската испорака на смртоносни системски товари од Кина во Русија“, прецизира Барнс.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека „Кина ќе треба да одлучи како да продолжи, но ако тргне по тој пат, ќе дојде до многу големи конфликти на глобално ниво“.

Подготвено од М.Н.

About Author