https://www.facebook.com/photo/?fbid=222345320177391&set=a.143970791348178

22.02.2023 Скопје

Пристигнати се дојави за бомби во сите 11 училишта на територија на општина Гази Баба, соопшти градоначалникот на општината, Бобан Стефковски.

„Во овој момент ме информираа дека во сите 11 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба има пристигнато дојави за поставени бомби.Од страна на директорите на училиштата веднаш се спроведени протоколите за евакуација на учениците и сите дечиња во овој момент се надвор од училишните згради и се на безбедно“, напиша Стефковски на својата официјална страна.

„Апелирам и барам, надлежните институции да превземат итни и неодложни чекори и мерки со цел оваа појава час поскоро да запре. Недозволиво е вакви појави веќе подолг период да ги вознемируваат учениците и родителите“, стои во објавата на градоначалникот на Гази Баба.

За пристигнатите дојави е пријавено во надлежните институции и се очекува да започнат проверките на терен.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *