15.02.2023 Скопје
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Дарко Станчиќ, раководител на Дивизијата за Европа и Централна Азија во ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.
На средбата беа разменети информации околу тековните и идни активности кои се реализираат во рамки на ,,Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор”, за што министерот Спасовски изрази благодарност за поддршката и континуираната соработка.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во партнерство со ДЦАФ спроведува активности со цел постигнување на три цели во рамки на Програмата и тоа: поефикасен и отчетен синџир на кривична правда за употреба на посебни истражни мерки, капацитет за поддршка на имплементацијата на Акцискиот план за интегритет на полицијата во МВР и подготвеност за спроведување на Конвенцијата за полициска соработка PCC и EU Prüm за регионална/ЕУ автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила.
Подготвено од А.Ѓ.