09.02.2023 Скопје
Шефовите на држави и влади на Европската унија на самитот што ќе се одржи денеска и утре, меѓу другото, ќе разговараат и за дијалогот меѓу Србија и Косово.
Претставниците на Европската унија потврдија дека таа точка била вклучена во последен момент пред самитот.
Шефовите на држави и влади на ЕУ ќе ја истакнат итната потреба за напредок во процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ.
Исто така, преку заклучоците ќе се апелира и двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат“ обврските што ги презедоа во рамките на дијалогот, вклучително и договорите од 2013 и 2015 година за создавање Асоцијација/Заедница на општини со српско мнозинство во Косово.
Подготвено од М.Н.