https://www.facebook.com/crnagorakraljevina/photos/bc.Abp7DWKhhJWyguFiY8bU6j2mh1-F6O7-QgtE9xAQ0Vs7jlwp4R88P4R1fNTVjYbguSMQYzzyEhlO7XmfMk1EyS-bKuc71jnVOI88ubSQ9BEme-3OYjIGS1rd-b6rO7Qo55k4sHT9CuxLzG2LhiFtpbbXhchg9cCI2BE4iCVDs8ij7w/3312829255596093/?opaqueCursor=Abr2Q0eBe8TB5CcbnFC24cFlBCJKh1txjdBcETofkdlyDtv3M2ZzPsPYxg61SNokNeux2TlB3fdDnEVs17LUwa11uT0kZORPAiUG3EbZKcx1LAyC1eVf-xrmMhE0J4WL9Nq_0QXg2snzmJYXgVaGA-J-c3ikEfsbJjnHfT8ywuuEzS_6J66YIKERTUgQgqDAE324r4t6rluLXp5LAksLjpaqz8EcnBd39eE51vwR1ex3UMoIjXIhDW7JFNyx8EZYb00c78yUOqzYV3k8xyN0D3LtYcVj7JeOLf6tQkPIm3Gbtvysp9SxwZvocm3C3M9D1Ud1gMvMR1upxqq0hL9g-dN3iykUJsSeDG0ZLD0tvbSDhCJqjpW-Gsg6fHOtLpAqGB-z7DbR0XTLD87Vjus-OqAQwZdPcDTCLtyOlPy43nBujiB0nNnV-vzK7Fpgn0P-Zc2djs-ZhCZIQKUIt6cv1cNh4rKDHCYRg3sknpAM22LtucrCF5oWnrfpP7kHYtu_VsTiVGliFnfdp7NQ8FvnquoRQaIxsWhrq6YzzB6LryQ280bkO3QEFOqKTXqiaDmqoRC5vdE02d9GY85np7vQbpOIGCwaPsGIn4ZPeiILU70glw

27.02.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денес во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања.

ЕУ и САД, пак, во пресрет на состанокот порачаа дека очекуваат Белград и Приштина начелно да го прифатат европскиот предлог како појдовна точка за целосно и правно-обврзувачко решавање на односите меѓу двете страни. Паралелно со тоа да се формира и Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.

Српските медиуми пишуваат дека Вучиќ ќе наведе дека Србија никогаш нема да го признае Косово ниту, пак, да се согласи на негов влез во Обединетите нации. Исто така, Белград ќе бара веднаш да се започне со формирање на ЗСО според она што е предвидено со бриселските договори од 2013 и 2015 година.

Косовскиот премиер Албин Курти начелно прифати да се разговара за ЗСО, но инсистира да се усвојат забелешките што за тоа ги даде Уставниот суд на Косово. Една од неговите црвени линии се очекува да биде и заемно признавање и реципроцитет со Белград.

Подготвено од М.Н.

About Author