06.02.2023 Скопје
Четири балкански земји се во глобалните топ 20 земји во однос на пушењето, покажуваат податоците објавени од Преглед на светското население.
Србија, каде што околу 40,6 отсто од населението се проценува дека се пушачи, е рангирана на седмото место, Грција на деветтото и Бугарија на десеттото, а Босна и Херцеговина е блиску 11-то. Друга земја од регионот, Хрватска, е 18-та.
На врвот на листата е Науру, мала островска држава во Тихиот Океан, каде пушачите сочинуваат 52,1% од населението.
Според Светската здравствена организација, тутунот убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, вклучително и активни и пасивни пушачи.
Иако пушењето е забрането во рестораните и јавните канцеларии ширум Балканот, сепак е дозволено и широко распространето во повеќето кафулиња и барови.
Подготвено од А.Ѓ.