eu i srbija

15.02.2023 Скопје

Финансискиот договор за пакетот енергетска поддршка од ЕУ за Србија, вреден 165 милиони евра, беше потпишан во вторник со претседателот Александар Вучиќ кој рече дека Србија на многу начини зависи од Европската унија.

Српскиот претседател Вучиќ сака луѓето да знаат дека Србија или нема да напредува или ќе и биде тешко без Европската унија. Тој истакна дека оние кои нудат опции за изнаоѓање одлични алтернативни рути „не ја кажуваат вистината и не се фер кон граѓаните“. Исто така, додаде дека луѓето во Србија треба да знаат дека, дури и ако понекогаш жестоко „одговарам на нешто што доаѓа од ЕУ, добро сум свесен што нè турка напред, ја храни нашата земја, носи работа за младите луѓе и им дава иднина“.

Шефот на делегацијата на ЕУ и амбасадор на ЕУ во Србија, Емануеле Џиуфрет, истакна дека пакетот е пример за солидарност на ЕУ кој ќе им помогне на ранливите семејства и бизниси да се борат против енергетската криза.

„Овој пакет ќе помогне за енергетската безбедност на Србија, ќе ја поддржи енергетската карта и цели, како и зелената транзиција. Постои целосна и недвосмислена посветеност на ЕУ кон Западен Балкан, вклучително и Србија. Тоа го потврдија европските лидери на самитот во Тирана во декември, но тоа не се само зборови, туку акции и средства кои помагаат тие акции да се исполнат“, рече Џиуфрет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author