08.02.2023 Скопје

Домаќинствата со ниски приходи ќе добијат помош за плаќање на дел од зголемените сметки за енергија, бидејќи треба да стапи на сила специјалниот привремен фонд за итни случаи што беше договорен минатиот месец.

Како и во повеќето европски земји, холандските домаќинства се тешко погодени од кризата со енергијата и трошоците за живот. Истражувањето на холандската истражувачка организација TNO покажува дека енергетската сиромаштија сега погодува околу 600.000 домаќинства во земјата, што е зголемување за околу 90.000 од 2020 година.

Лодевијк Ашер, член на холандската Лабуристичка партија и комесар за фондот за итни случаи, истакна дека високата цена на енергијата најмногу ги погодува луѓето со пониски примања. Фондот за вонредни состојби е создаден токму за донекаде да се ублажи загриженоста кај ранливите домаќинства.

Новата мерка ќе им помогне на „ранливите домаќинства“, самци и сожители со соодветни бруто приходи до 2.980 евра и 3.794 евра, да платат дел од нивните сметки за енергија кои датираат од октомври 2022 година до март 2023 година.

Во пракса, фондот ќе покрива трошоци за енергија кои надминуваат одреден процент од бруто приходот на домаќинството. Доколку надмине 160% од социјалниот минимум, фондот ќе ги покрие трошоците за енергија кои надминуваат 10% од приходот на домаќинството. Доколку бруто приходот изнесува 160-200% од социјалниот минимум, фондот ќе ги покрие трошоците над 13%.

Фондот е последен во серијата иницијативи насочени кон ублажување на последиците од зголемените цени на енергијата што особено ги погодуваат холандските домаќинства, откако конзорциум од неколку енергетски компании и непрофитни организации развија акционен план во март минатата година. Конзорциумот и холандската влада досега имаат придонесено по 24,5 милиони евра во фондот, со што вкупната инвестиција изнесува 49 милиони евра.

Сепак, останува нејасно дали фондот ќе биде доволен за да ги задоволи потребите на холандските домаќинства.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *