13.02.2023 Скопје
Денеска во македонското Собрание беше изгласан предложениот Закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи упати благодарност до пратениците коишто го поддржаа ратификувањето на првиот договор на македонски јазик (ФРОНТЕКС) помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
Спасовски истакна дека ФРОНТЕКС „за нас значи потврда за рамноправноста на македонскиот јазик со другите јазици на ЕУ“.
Подготвено од А.Ѓ.