jang sredba putin stabilni odnosi medju dvete drzavi

23.02.2023 Скопје

Директорот на комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји, на крајот на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, стратешката соработка меѓу Кина и Русија „не толерира мешање од трети страни ниту има за цел да им наштети на интересите на другите“.

„И покрај мрачната и сложена меѓународна ситуација, односите меѓу Кина и Русија ги издржаа драстичните промени во меѓународниот однос и се стабилни и зрели како држави“, изјави Ванг.

Кинескиот претставник додаде дека, „Пекинг е подготвен да работи со Москва за продлабочување на политичката доверба, зајакнување на стратешката координација, проширување на соработката и заштита на легитимните интереси на соодветните земји“.

Двајцата соговорници имаа длабинска размена на мислења и за украинското прашање, во однос на кое Кина „ќе продолжи да држи фер и непристрасен став“. Во овој поглед, додаде Ванг, „Пекинг ги цени декларациите на Русија за нејзината намера да ги реши споровите преку дијалог и преговори“.

Подготвено од М.Н.

About Author