06.02.2023 Скопје
Од саботата Грција ја зафати снежната бура под името „Барбара“, која со силен ветер и снег создаде проблеми во повеќе делови на земјата меѓу кои и во главниот град Атина.
Грчките медиуми пишуваат дека со одлука на надлежните власти денеска во Атина се затворени градинките, основните и средните училишта, јавната администрација работи од дома, продавниците во северниот дел на градот се затворени, а преку бројот 112 за итни случаи била упатена препорака до граѓаните да ги ограничат нивните движења.
Исто така, проблеми имало и на автопатот кон Солун, што неколку пати бил затворан и повторно отворен, додека пак поради силниот ветер, постои забрана за пловидба од сите атински пристаништа.
Подготвено од А.Ѓ.