svlechishta vo peru

07.02.2023 Скопје

Според првичните податоци на властите, кои нагласија дека погодени се илјадници луѓе, во серијата свлечишта во јужниот регион Арекипа во Перу вчера загинаа најмалку 15 лица, додека уште две се водат за исчезнати, а 20 се повредени.

Министерството за одбрана на Перу преку Твитер објави дека испратило хеликоптери, шатори, резервоари за вода, вреќи со песок и персонал за одговор при катастрофи во областа.

Трагедијата се случи среде политичката криза што го парализира Перу во последните два месеци, концентрирана во јужните региони на Андите, по суспензијата на Конгресот, апсењето и притворот на поранешниот претседател Педро Кастиљо на 7 декември. Во масовните мобилизации и немири кои следеа, десетици луѓе беа убиени, а илјадници беа повредени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author