21.02.2023 Скопје
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, за да се олесни соработката во гонењето на воените злосторства во Украина, претстави иницијатива за меѓународен договор на Советот за надворешни работи на ЕУ и 77 земји веќе се пријавиле за него.
За да се дебатира за она што Фајон вели дека ќе биде првиот голем меѓународен договор за воспоставување механизам за соработка меѓу телата за спроведување на законот на земјите од ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ, во мај во Љубљана треба да се одржи дипломатска конференција.
Фајон истакна дека ги има повикано министрите да присуствуваат на конференцијата со нивните тимови од експерти за кривично право.
Договорот ќе овозможи соработка во гонењето и истрагата за злосторства против човештвото, воени злосторства, други меѓународни злосторства и геноцид.
Словенија го подготви договорот во соработка со Белгија, Холандија и три земји кои не се членки на ЕУ.
Додека 77 земји досега се приклучија на иницијативата, Фајон рече дека трите земји од ЕУ работат на привлекување и други земји.
Фајон додаде и дека повеќе детали и датумот на потпишување ќе бидат познати по конференцијата, потенцирајќи дека сето ова покажува дека Словенија води навистина јасна политика на истрага за одговорност, вклучително и кога станува збор за воените злосторства во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.