https://www.facebook.com/photo?fbid=749641509867153&set=pcb.749641579867146

17.02.2023 Скопје

Претседателот на собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, е во официјална посета на Словенија и оствари средба со претседателката на Словенија, Наташа Пирц, која порача и потсети дека уставните измени се неопходен предуслов за Република Северна Македонија да продолжи во следната фаза на процесот на евроинтеграции и дека треба да се изгради внатрешен политички и меѓупартиски консензус за нивно успешно спроведување.

Талат Џафери, во однос на уставните измени, апелирал за обезбедување на гаранции од страна на земјите членки дека по нивното донесување, преговорите за членство ќе се водат исклучиво согласно критериумите на претходните земји кандидати и со почитување на општо прифатените европски вредности на кои се темели Европската Унија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата, Пирц Мусар нагласила дека меѓу приоритетите во текот на нејзиниот мандат е продолжување со процесот Брдо-Бриони, особено заради перспективата на Западен Балкан како важна стратешка одлука за безбедноста, стабилноста и иднината на Европската унија.

Спикерот на македонското собрание, Талат Џафери ги поддржал иницираните предлози, со укажување дека за спречување на процесот на одлив на млади луѓе од регионот, вклучително и од Република Северна Македонија, потребно е забрзување на евроинтеграцискиот процес со реализација на предвидените реформи, но и подобрување на економската состојба во земјата, обезбедување на нови работни места со соодветни примања, за младите лица да можат да останат дома и да придонесуваат во општествениот живот во земјата.

Пирц Мусар, исто така се интересирала и за моменталниот статус на односите со Бугарија и за тековниот скрининг и усогласеноста на домашното законодавство со тоа на Европската унија.

Талат Џафери освен со Наташа Пирц Мусар, во Љубљана оствари средба и со други високи функционери на Словенија.

Подготвено од М.Н.

About Author