18.02.2023 Скопје
Со индекс на загаденост на воздухот од 173, Скопје е на осмото место во светот на поголемите градови во кои се мери квалитетот на воздухот. Од другите градови во регионот Загреб е на 12 место, Белград на 14, Сараево е на 19 место.
Најчист воздух од поголемите градови во регионот се дише во Приштина, која е на 27 место на ранг листата на Ајкју-ер.
Според податоците на Ајкју-ер, концентрацијата на ПМ 2,5 честичките е 99 милиграми на кубен метар што е за скоро 20 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).
Концентрацијата на МП 10 честичките е 132,7 милиграми на кубен метар.
На државно ниво, градови кои се со троцифрен индекс на загаденост на воздухот се уште и Гостивар и Велес со 157 и Струмица со 124.
Подготвено од М.Н.