06.02.2023 Скопје
Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално време во близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри.
Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри. Регистрирани се најмалку 20 последователни земјотреси.
По силниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на Турција, се урна тврдината во Газиантеп стара над 2.200 години.
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 520, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.
Поради земјотресот експлозија имаше и на гасоводот во Хајат, Турција. По експлозијата избувнал пожар.
Подготвено од А.Ѓ.